Се чувствувам прекрасно што сум во Македонија,  многу сум среќен што токму јас ја добив светската награда за хуманизам, и ви ветувам дека ќе направам се’ понатаму во животот да ја оправдам оваа награда, истакна добитникот  на Светската награда на хуманизмот што ја доделува  Охридската Академија на хуманизмот, португалскиот филм-мејкер и најстар активен  режисер во Европа, Мануел де Оливиера.

„Денеска во светот често забораваме на хуманизамот, како нешто фундаментално, суштинско, не само за човештвото, туку и за секој човек независно на која раса и припаѓа и каде се наоѓа“, истакна деведесет и девет годишниот Оливеира. Добитник на престижната Светска награда на хуманизмот, Мануел де Оливиера. Де Оливиера е роден во 1908 година, со филмска уметност започнал во младоста а првите филмски остварувања ги забележал во 1931, активно творејки до денес. Последното филмско остварување што го носи неговиот потпис како режисер е од 2007 година. Во своето севкупно филмско творештво Де Оливиера непоколебливо ја застапува својата хуманистичка филозофија.

Со доделувањето на оваа награда сакаме вредностите и традициите на Охрид да бидат присутни во земјата на лауреатот,м истакна Јордан Плевнешм претседател на Охридската академија на хуманизмот. „Ќе воспоставиме културен линк помеѓу Охрид и Порто (Португалија), родното место на Оливеира, со што португалците ќе чујат за Охрид, а ние за Порто, рече Плевнеш, на претставувањето на годинешниот добитник на Светската награда на хуманизмот пред јавноста.

Мануел Де Оливиера е вториот по ред добитник на  Светската награда на хуманизмот што ја доделува  Охридската  Академија. Минатата година, добитник на Наградата беше свестки познатиот филозоф, Јапонецот Даисаку Икеда. Наградата на Оливеира ќе му биде врачена утре во рамките на одбележувањето на празникот Богојавление-Водици во Охрид.

Горан Момироски
фото: Спаско Костоски