Олимпијакос и официјално е финалист на Меѓународниот меморијален турнир во ракомет “Крсте Андоновски”.
Претпладнево грчкиот претставник го совлада Голден Арт со 28:26 и со три победи од исто толку натпревари во групата А, обезбеди пласман во финалето, што ќе се игра во сабота, 26 август во салата “Билјанини Извори”.
Во вториот меч денеска, од 13:15 часот силите ќе ги одмерат екипите на Татран Прешов – Бутел, во 18:00 часот играат Еурофарм Пелистер и Металопластика, додека домаќинот Охрид во 20:15 часот се среќава со екипата на Бешикташ.
Г.М.