По откажувањето на РК Вардар 1961, екипата на РК Олимпијакос, Грција, влезе во 8те екипи кои ќе настапат на второто издание на Меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, што ќе се одржи од 23 до 26 август во Охрид.
Екипите ќе бидат поделени во две групи:
Група А
ГРК Охрид
Бешикташ
Голден Арт
Олимпијакос
Група Б
Еурофарм Пелистер
Металопластика Шабац
Татран Прешов
Бутел Скопје
Турнирот на 23 август во 11 часот го отвараат Бешикташ и Голден Арт, а вечерта ГРК Охрид се среќава со Олимпијакос.
Г.М.
Фото: Охридњуз