Француската машка ракометна репрезентација го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио совладувајќи го попдланево во финалето бранителот на титулата Данска со 25-23 (14-10).

Ова е трето олимписко злато за Французите на последните четири Олимписки игри, по Пекинг 2008 и Лондон 2012, додека во Рио де Женеиро 2016 беа сребрени.

Данците, пак, го освоија својот втор олимписки медал во историјата, по златото пред пет години во Рио.

Претходно денеска, Шпанија во натпреварот за бронзениот медал го совлада Египет со 33-31. ег/

Машката одбојкарска репрезентација на Франција, пак, ја освои титулата олимписки првак, откако попладнево во финалето во Токио ја совлада Русија со 3-2 (25-23, 25-17, 21-25, 21-25, 15-12).

Триколорите дојдоа со златното одличје во својот дебитантски настап во олимписко финале, додека за Русија ова е петти медал во постсоветската ера и второ сребро.

До олимписката титула Французите ги предводеше Ервин Нгапет со 26 поени, додека во рускиот состав најефикасен беше Максим Михајлов со 21 поени.

Бронзата ја освои Аргентина, која претходно денеска го совлада бранителот на титулата Бразил со 3-2 (25-23, 20-25, 20-25, 25-17, 15-13).

OhridNews