Петте олимписки прстени, кои тежат вкупно 30 тони, изминатата ноќ беа поставени на Ајфеловата кула во Париз, јавија локалните медиуми.
Олимписките прстени во зелена, црна, црвена, жолта и сина боја се поставени на височина од 70 метри, помеѓу првиот и вториот кат на Ајфеловата кула.
Олимписките кругови се свртени на страната кон реката Сена и плоштадот „Трокадеро“, каде на 26 јули ќе заврши церемонијата на свеченото отворање на Игрите.
Џиновските кругови се широки 29 метри, високи 15 метри, со дијаметар од девет метри, и се поголеми од олимписките прстени кои беа поставени на „Тауер Бриџ“ во Лондон во 2012 година, но помали од оние во Токио во 2021 година.
Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.
OhridNews
фото. МИА/Икс