Спортската програма ќе се намали и нема да се воведуваат нови спортови за Летните олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат во 2024 година, вака одлучи Меѓународниот олимписки комитет на вондредната седница. Причината за намалување на спортовите и вето за нови спортови е глобалната економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Еден од спортовите кој требаше да се промовира на ЛОИ во Париз беше ракомет на песок. Но, желбата на ИХФ падна во вода и најмалку ќе треба да чека осум години за промоција на ракометот на песок, како Олимписки спорт.

Во светот после вирусот ковид -19, лимитирање на бројот на спортови и намалување на трошковите е клуч за развој на Олимписката програма. Покрај барањата на Меѓународните федерации да се воведат нови спортови, Извршниот одбор на МОК одлучи да не се менуваат планот и програмата, подготвени после одложувањето на ЛОИ во Токио. – стои во соопштението од МОК.

Тендицијата на намалување на учесниците на ЛОИ ќе започне токму од Токио. Наместо 11 092 учесници, на спортските терени ќе се појават 10 500 натпреварувачи. ЛОИ во Токио ќе се одржат следната година.

 

OhridNews