Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри во Сочи оваа седмица ќе патува во вселената, прв пат во историјата на игрите. Огнот околу Земјата ќе го понесе руски екипаж, а предвидена и прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица. Екипажот ќе го сочинуваат русинот Михаил тјурин, Рик Мастрахио од НАСА и јапонецот Коичи Ваката, а на ракетата, која ќе полета од Бајконур, ќе биде истакнат амблемот од игрите во Сочи. Предвидено е огнот во отворената вселена во сабота да го изнесат руските космонаути Олег Котов и Сергеј Рјазански.
Огнот во вселената ќе мине пет дена, пред да се врати на Земјата следниот понеделник, кога астронаутите Фјодор Јурцикин, Карен Ниберг и Лука Пармитано да слетаат во Казахстан. Од сигурносни причини, огнот нема да гори за време на вселенското патување. Олимписката штафета за ЗОИ која стартувала на 7 октомври е најдолга во историјата на игрите со околу 65 илјади километри колку што треба да мине. Минатиот месец, руски нуклеарен мразокршач го одвел огнот на Северниот Пол, а подоцна овој месец таа ќе се најде на дното на Бајкалското Езеро, најдлабокото езеро на светот. Игрите во Сочи ќе бидат одржани од 7 до 23 февруари.