Во организација на Интернационалната Унија на Планинарски Федерации, на денот на затворањето на летните олимписки игри во Кина, односно гаснењето на олимпискиот оган во Пекинг, на 24.08.2008 г. (недела) точно на пладне, на преку 100 планински врвови во Европа ќе бидат запалени пламени факели или планинарски челни лампи.


Тим од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид и планинарското друштво Магаро, ќе биде дел од оваа активност и во 12:00 ч. во недела, од врвот “Магаро” на планината “Галичица”, од 2250 метри надморска висина ќе зрачат светлост со што симболично ќе продолжи да свети спортскиот дух за мир во светот.Светлината ќе може да се види и од Охрид и околината, велат охридските планинари.

Ohridnews