Факелот со која на олимписките игри во Берлин 1936 година беше запален олимпискиот оган, бил продаден на аукција во Карлови Вари за 28 илјадо долари. Факелот на аукција бил издаден од локалниот суд во познатата чешка бања поради тоа што неговиот сопственик бил во долгови.


Според зборовите на претставникот за медиумите на судот, стручна комисија потврдила дека факелот е автентичен, а бил проценет на 840 долари. Купувачот сакал да остане анонимен. Во Берлин во 1936 година за прв пат во историјата бил запален олимписки оган. Тие игри поминаа во сенка на скандалот на нацистичкиот водач Адолф Хитлер кој одби да ги врачи медалите на легендарниот американски атлетичар Џеси Овенс.