Трофејната пливачка Рута Мејлутите ја шокираше спортската јавноста со одлуката да ја прекине кариерата на само 22 години. Мејлутите која боледува од депресија признала дека не може да го издржи притисокот и оти сака да го види животот надвор од базенот и спортските обврски.
- Донесев одлука и подготвена сум да почнам ново поглавје во својот живот. Фала на сите кои ме поддржува на овој пат, но јас почнувам нов и се надевам дека повторно ќе имам поддршка. – изјави литванската пливачка.
Мејлутите на 15 години освои златно одличје на Олимписките игри во Лондон 2012 година победувајќи во дисциплината 100 метри прсно. Година дена подоцна литванската пливачка се закити со златниот медал на Светското првенство во Барселона срушувајќи го рекордот.
Во текот на кариерата „мала Рута“, како што ја нерекуваат медиумите освои 20 златни, десет сребрени и еден бронзен медал.
OhridNews