Четиричлената македонска олимписка експедиција, во среда ќе замине за Лондон, градот каде ќе се одржат 30-те Летни олимписки игри (ЛОИ).
Македонија во Лондон ќе ја претставуваат пливачите Марко Блажевски кој ќе се натпреварува на 400 метри мешано и Симона Маринова на 800 метри слободно, како и атлетичарите Кристијан Ефремов и Христина Ристевска, кои ќе настапат на трките на 400 метри.
Честа да го носи македонското знаме на церемонијата на отворањето ја доби Блажевски.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com