– Задоволни сме од соработката овде во Охрид, со одговорните во салата,а наидовме на разбирање во врска со термините со локалниот АМАК СП, како и тимот на Работнички кој е овде на подготовки – вели Андоновски, спортскиот директор на клубот.
Олимпија Лариса минатото првенство во грчкиот шампионат го заврши на осмото место со што успеа да ја исполни целта на клубот- влез во плеј-офот. Оваа година клубот има поголем буџет и посакувана цел е шестото место со што во првото коло од плеј – офот би ги избегнале Олимипјакос и Панaтенаикос.
– Ние сме “мал“ клуб и за нас е чест да играме во плејофот. Вообичаено првите три места се резервирани за големите екипи па ние се бориме од 4 место па натаму – ни изјави ген. менаџер на клубот Михаилис Боциос. Збогатениот буџет оваа година ни дозволи да го зголемиме ростерот.
Покрај македонскиот интернационалец Мирза Кутовиќ, во тимот се америкаецот Касел кој од Арис преку Малага слета во Лариса, потоа Мајк Кинг, германецот Бабел , а по завршувањето на настапите на Германската селекција на ОИ во Пекинг на тимот во Охрид ќе им се придружи и репрезентативецот Свен Шулц.
Покрај настапите во грчкото првенство , во престојната сезона Олимпија ќе игра и во ФИБА купот во кој обезбедија пласман меѓу 32 екипи кои ќе се натпреваруваат во групите.
– Не се оптоваруваме многу со пласманот во Европа. За нас е важно да се претставиме во добро светло и сигурно доколку имаме можност ќе се обидеме да ја искористиме. Гледате во кошарката еден поен , еден удар може да смени многу работи – завршува Боциос
Според првичниот план, немаат во предвид да одиграат некоја средба , но Андоносвски не ја исклучува можноста да одиграат еден затворен тренинг меч со Охридскиот АМАК СП.