Охридскиот Амак СП е рекордер според казните кои ги изрече Кошаркаската федерација на Македонија по повод нередите на своите навивачи за време на куп натпреварите одиграни во Охрид.


Амак по разни основи ќе треба да плати  54.000 денари. Казните се за фрлање меки и тврди предмети на теренот (кои чинат по 4.000 односно 6.000 денари), како и неспортско навивање на нивните навивачи (6.000 денари).


Најголема поединечна казна Амак-СП доби за влегување неслужбени лица на теренот во полуфиналето со Фени И., за што се казнети со дури 10.000 денари.

OHRIDNEWS