На 24.05.2010 година во 04,30 часот во Охрид во бензинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на излезот од градот пред с.Лескоец, маскирано непознато лице лице под закана со пиштол од  вработениот К.П. од Охрид,  одзело околу 26.000,00 денари.

Разбојништвото е извршено на тој начин што непознатото лице влегло во бензинската пумпа и со закана по животот на вработениот му наредил да ја отвори металната каса, ги одзел парите, по што го напуштил местото, соопшти полицијата.

 СВР-Охрид превзема мерки за пронаоѓање на разбојникот.

OhridNews