Украинскиот стратег Олег Блохин најавил посета на Македонија како и преговори со претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески. Менаџерите на Блохин пратиле абер до раководството на ФФМ дека нивниот штитеник може да дојде во Скопје за да го запознае Хаџи-Ристески со неговата визија за тоа како би работел со македонските фудбалери.
Блохин шефуваше со Украина на СП 2006 во Германија. Моментално е без ангажман и е слободен да ја презвеме македонската клупа.
Одлуката кој ќе биде нов селектор ќе биде донесена в сабота на седницата која во Скопје ќе ја одржи Управниот Одбор на ФФМ.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com