Викендов во Охрид, втора година по ред се организира ревија на Олдтајмери, на која продефилираа триесеттина раритетни стари возила од различни автомобилски марки, произведени во 50-те, 60- те и 70- те години.

По ревијалното возење од Охрид до Пештани, автомобилите беа изложени на градскиот кеј каде претставуваа вистинска атракција за минувачите.

Организатор на ревијата е Александар Димушевски,  во соработка со општина Охрид и под покровителство на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

OhridNews