Фудбалерите на Арсенал ги освоија трите бодови на Олд Трафорд, победувајќи го Манчестер Јунајтед со минимални 1-0 (0-0) во дерби пресметката од седмата рунда во Премиер лигата.

Дуелот помеѓу двата големи ривали не понуди кој знае каков фудбал, а победникот го одлучи еден погодок. Капитенот на „топчиите“ Пјер Емерик Обамејанг биеше прецизно од белата точка во 69-та минута. Пеналот го изнуди Хектор Белерин после стартот на Пол Погба.

Арсенал со победата над Манчестер Јунајтед стави точка на петгодишната „црна“ серија без гостински триумф кај екипи од „големата шесторка“. Исто така „топчиите“ забележаа голем скок на табелата и дојдоа само еден бод од Вулверхемптон кој е четвртопласиран.

  • Резултати:

Астон Вила – Саутемптон 3-4

Њукасл – Евертон 2-1

Мен Ју – Арсенал 0-1

Тотенхем – Брајтон

OhridNews