Лидерот на социјалистите Франсоа Оланд е избран за претседател на Франција на изборите што се одржаа денеска. Тој освои околу 52 отсто од гласовите. 
Противкандидатот Никола Саркози го призна поразот и му ја честиташе победата на Оланд.
На парламентарните избори во Грција,што исто така се одржаа денеска, победи конзервативната Нова Демократија, но не освои доволен број мандати за самостојно да состави Влада. Голем пораз доживеа ПАСОК која на изборите заврши како трета.
Избори денеска имаше и во Србија каде се гласаше за претседател, пратеници и за локална самоуправа. Пребројувањето на гласовите е во тек.
OhridNews