Св Николе и спортската сала “Цар Самоил“ ќе бидат домаќини на третиот Ол Стар натпревар во мак – баскетот.Натпреварот ке се одигра на 24 јануари.

Познато е дека се соочуваме со многу финансиски проблеми заради кои беше доведено во прашање одржувањето на Ол Стар натпреварот. Но ние во КФМ решивме дека Ол Стар мора да има, тоа е една вредност која успеавме да ја вметнеме во нашата лига, во домашните кошаркарски случувања и без разлика на глобалната економска криза која ни ги одвлече досегашните спонзори, традицијата мора да продолжи по секоја цена. – вели првиот опертаивец во КФМ Дејан Лекиќ.
 
Покрај Св. Николе во игра за домаќин бил и Прилеп, но проблемите со семафорот го исфрлија градот – херој од игра.

Од КФМ дополнително ќе информираат за начинот на избирање на учесниците, како и за комплетниот распоред на настанот и сатницата за натпреварот кој ќе биде директно пренесуван од Македонската Телевизија.

ohridnews