Секој сантиметар од просторот пред болницата во која Кејт Мидлтон ќе го роди своето прво дете е многу важен. Во паузите за ручек на скалите се оставаат пораки. Некој јавува дека ќе се врати брзо, некој ја продава позицијата, некој смислува вицеви. Сите се шегуваат и нестрпливо чекаат да ја слушнат среќната вест.
Секој новинар се бори за инфорамции, а среќни би биле да добијат барем малку. Сите медиуми се обидуваат да дознаат што се случува со принцезата, каде е принцот Вилијам и каква се состојбата со бебето. Бидејќи обложувањето во Британија моментално е главна забава, се обложуваат и новинарите меѓусебно, го погаѓаат датумот и името на кралското бебе. Вилијам и Кејт не го објавиле точниот датум, но бебто се очекува во секој момент.