Рекреативци од Охрид кои деновиве биле на излет на планината Галичица непријатно биле изненадени кога забележале дека на предавателот на АРМ на Галичица, наместо националното се вее знамето на соседна Бугарија. Кој го поставил знамето, кое подоцна го симнале, велат дека не знаат. Дали се работи за невкусна шега или провокација, тешко е да се каже, но фотографиите јасно прикажуваат дека се работи за запуштен објект каде секој можел да дојде и да постави знаме на странска држава.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com