Една студија објавена на Универзитетот Мекари, во Сиднеј Австралија, покажала дека октоподите обожаваат телевизија емитувана во висока дефиниција. До ова необично откритие неодамна дошла една група студенти кои го проучувале однесувањето на 31 октопод. Тие утврдиле дека овие морски животни покажуваат големо интересирање за слики снимени со камера која има висока дефиниција и емитувани на екран со висока резолуција.


Кога на екранот се појавила слика на краба, омилената храна на октоподите, тие се фрлиле врз екранот и се обидувале да ја уловат крабата за да ја изедат. Резултатите од студијата биле објавени во списанието „Journal of Experimental Biology“.