201Од печат деновиве излезе петнаесеттото издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, овој пат посветено на месецот на борба против ракот на дојка кој глобално се одбележува во октомври. На 40 страници есенското издание на „Наше Здравје“ донесува актуелни теми, советти и едукативни содржини во функција на заштита на здравјето и подобрување на здравствената култура кај нас.

Во овој број донесуваме разговор со еден од најголемите експерти во областа, д-р Маја Стојчевска Чапова, која дава исклучителни совети во однос на широкиот спектар на теми поврзани со дојката и малигните заболувања. Д-р Билјана Ивановска Аџиевска од Специјалната очна болница „Деница“, пак, во својот авторски текст подетално нé запознава со интравитреалните инјекции, а д-р Александар Митов дава важна елаборација за најширокиот спектар на дилеми кои се однесуваат на автоимуните заболувања. Секако, на страниците се поместени и останати важни текстови, како тие на д-р Мартин Размоски за синдромот на иритабилен колон, како и на д-р Ксенија Мајсторовиќ за епилептичните напади. И овој пат не изостануваат корисните информации од областа на стоматологијата. – вели м-р Марица Угриновска Батковска, главен уредник на „Наше Здравје“.

Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да го најдете во некоја од аптеките на познатиот фармацевтски бренд „Виа Фарм“ во Охридско-струшкиот регион, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и други препознатливи места во опкружувањето.

OhridNews