По одлуката на судот да ја замрзне сметката на Макпетрол и информациите дека Окта ја стопира испораката на сите нафтени деривати кон Макпетрол со што може да дојде до енергетска криза во Македонија, од Окта денес со кратка информација до јавноста.
– ОКТА не го прекинува договорот за снабдување со Макпетрол, туку само привремено го суспендира снабдувањето додека не биде нормализирана состојбата со банкарската сметка на компанијата, велат од компанијата.
Како што претходно беше кажано, на бензиските станици на Макпетрол, кои сочинуваат 60 отсто од пазарот во земјава, има залихи на нафтени деривати доволни само за наредните пет дена.
OhridNews