Оксана на судското сослушување се откажала до тужбата за злоставување против Мел Гибсон. Таа исто така преку својот адвокат побарала да му се укине забраната за приоѓање на актерот. Адвокатите не ги коментирале случувањата, бидејќи судот тоа им го забранил. Таа овие обвиненија против Мел ги користела за да добие старателство врз нивната ќерка.
За потсетување, за време на давањето искази во правната битка за старателството над ќерката која ја води со Мел Гибсон, Оксана зборувала дека Мел има проблеми со потенцијата и во сексуалниот живот, и дека сексуално возбудување добивал со тоа што ја тепал кога биле во кревет.