Новак Ѓоковиќ го коментираше збогувањето со Роџер Федерер. Вчера Швајцарецот го одигра последниот натпревар во кариерата.
Мислам дека сите ќе се согласат дека тоа беше еден од најубавите моменти што сме ги доживеале. Сите знаевме дека тоа ќе биде емотивно збогување со Роџер. И на крајот сите подлегнавме на овие емоции. Чувствата беа измешани. Тажно е што еден од најголемите спортисти во историјата заминува. Но, од друга страна, беше одлично да се види дека е среќен. Тоа беше еден од најубавите моменти што сум ги доживеал.
Мене лично најмногу ме трогна моментот кога неговите деца излегоа на теренот и ги видов како плачат. Тоа беше прекрасен момент. И беше прекрасно да се видат родителите на Роџер, Мирка, децата и сите кои одиграа толку важна улога во неговата кариера, изјави Ѓоковиќ.
На Лејвер купот Ѓоковиќ победи на два меча во еден ден и придонесе за победата на Европа против Светот со 8:4.