Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за своето расположение пред Мастерсот во Париз каде ќе ја брани титулата.

Во вториот дел од сезоната имам многу попозитивен однос кон турнирите. После се што се случи во Австралија, бев во емотивна прострација, а тоа влијаеше на мојата игра. Морав да најдам баланс, да го најдам посакуваното ниво на игра. Во текот на земјената сезона, засилив. И тогаш, во вистински момент, дојде Вимблдон. Оваа победа ми даде голема самодоверба. И огромно олеснување, со оглед на се што се случи. По Вимблдон не играв многу: Лејвер куп, Тел Авив, Астана. И играв многу добро. Генерално, имам добри резултати на затворени терени. Сега треба да се повторат, бидејќи работев многу напорно, изјави Ѓоковиќ.

Србинот обезбеди директен пласман во 1/16финалето на Мастерсот во Париз каде ќе се соочи со подобриот од мечот Шварцман – Креси.

OhridNews