Новак Ѓоковиќ поради дисквалификација во 1/4 финалето го заврши учеството на американскиот турнир Грем слем турнир. Рекетот број еден на крајот од првиот сет во дуелот со Пабло Карење Буста ненамерно погоди линиски судија со топче, по што следеше дисквалификација.
Седумнаесеткратниот грен-слем победник и актуелен рекет бро, преку социјалните мрежи се извини за своето однесување.
Целата оваа ситуација ме направи навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува линискиот судија која ми кажа дека е добро, фала му на Бога. Жал ми е што и предизвикав таков стрес. Немав намера. Беше погрешно. Што се однесува до дисквалификацијата, сакам ова непријатно искуство да го претворам во животна лекција, со цел да продолжам да растам како играч и човек. Им се извинувам на организаторите на Отвореното првенство во тенис на САД. Им благодарам на мојот тим и семејството за силната поддршка, и на моите обожаватели што секогаш се со мене. Ви благодарам и многу ми е жал – нашиша Ѓоковиќ на Фејсбук.
This whole situation has left me really sad and empty. I checked on the lines person and the tournament told me that…
Posted by Novak Djokovic on Sunday, September 6, 2020
Организаторот на US Open соопшти дека на Ѓоковиќ му се одземаат сите поени од турнирот, како и паричниот надомест за учество.
Новак Ѓоковиќ во отсуство на Роџер Федерер, Рафаел Надал, Вавринка и други светски имиња, беше фаворит број еден за освојување на грен-слемот во Њујорк.
OhridNews