Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, избори финале на турнирот во Париз, откако денес во полуфиналето го совлада полскиот тенисер Хуберт Хуркач кој е 10-ти на светската ранг-листа.

Во меч што траеше два часа и 20 минути Србинот победи противникот во три сета – 3:6, 6:0, 7:6 (7:5).

Во финалето, Ѓоковиќ ќе игра со Русинот Данил Медведев, кој вечерва во второто полуфинале го совлада Германецот Зверев со 2:0 (6:2; 6:2).

OhridNews