Водечкиот тенисер на АТП лигата, Новак Ѓоковиќ и Германецот Александар Ѕверев ќе ги одмерат силите во финалето на турнирот во Лондон, кој ќе затвори натпреварувачката сезона за оваа година.
Ѓоковиќ пласман во мечот за златен обезбеди со победата над Кевин Андерсон во два сетови (6-2, 6-2), додека Ѕверев во полуфиналето подобар беше од Рожер Федерер во два сетови (7-5, 7-6).
Српскиот и германскиот тенисер во фазата по групи одиграа еден меч, а подобар беше Ѓоковиќ во два сетови (6-4, 6-1). Финалето во Лондон е закажано за утре (недела) во 19 часот.
OhridNews