Настапот на Новак Ѓоковиќ во четвртата рунда на грен слем турнирот Австралија Опен е под сериозен знак прашалник, откако српскиот тенисер повреден во пет сетови го одигра и го доби дуелот со Американецот Тејрлор Фриц.

Ѓоковиќ се повреди на стартот од третиот сет и со големи проблеми го доигра натпреварот. Во тој момент Ѓоковиќ имаше предност од 2-0 во сетови, а Американецот максимално ја искористи ситуацијата и изедначи на 2-2. Српскиот тенисер стегна заби, одигрувајќи храбро во петтиот сет, кој го доби со 6-2 за пласман во следната рунда.

Очигледно, ментално и емотивно се чувствувам добро. Големо олеснување ми е што поминав понатаму. Се пронајдов себеси во деликатна ситуација. Ова е најдобриот момент во мојата кариера. Не сакам да зборува за интензитетот или болките од повредата. Не знаат луѓето каква болка претрпев кога се повредив. Во главата водев голема дебата дали продолжам или да се откажам. Не можев да се движам, да се ротирам и сервирам. Во петтиот сет малку ми се подобри ситуацијата, ми тргна со сервисот и така некако го добив мечот. Загрижен сум поради повредата, бидејќи никогаш не сум почуствувал таква болка. Имам некое претчуство дека ми е скинат мускул, но ќе видиме. – изјави Ѓоковиќ.

Во четвртата рунда Ѓоковиќ силите ќе ги одмери со Милош Раониќ.

OhridNews