Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Дубаи, откако загуби од Чехот Јиржи Весели со 6-4, 7-6.
Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Весели, првиот и 123. рангираниот на АТП листата, траеше речиси два часа.
Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи го загуби и првото место на АТП листата, кое од понеделник ќе го преземе Русинот Данил Медведев.
Српскиот тенисер мина на врвот на АТП листата рекордни 361 недели.
OhridNews