Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и покрај триумфот на Вимблдон 2022, бележи пад на најновата АТП ранг-листа објавена денес.

Ѓоковиќ кој не доби бодови за победата на Грен слемот во Лондон, поради забраната за учество на руските и белоруските тенисери, од третото падна на 7. место во светскиот поредок.

Лидер и натаму е Русинот, Данил Медведев, кој го пропушти Вимблдон. На втората позиција е Германецот Александар Зверев, додека на третото место се искачи Шпанецот Рафаел Надал.

Во Топ 10 светски тенисери се уште и (4-10.место): Стефанос Циципас (Грција), Каспер Руд (Норвешка), Карлос Алкараз (Шпанија), Андреј Рубљев (Русија), Феликс Оже-Алиасим (Канада) и Јаник Синер (Италија).

OhridNews