Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ даде свој осврт за победата синоќа во осминафиналето на Вимблдон над Холанѓанецот Тим ван Рајтховен (6:2, 4:6, 6:1, 6:2).
Никогаш не сум го сретнал и тој е некако ново лице на турнирите. Знаев дека нема да биде лесно со тој сервис, голем талент, одличен шут, моќен форхенд, тој може да донесе многу проблеми. Ми требаше малку време да се навикнам на неговото темпо, изјави Ѓоковиќ, за „Ројтерс“.
Во четвртфиналето Србинот ќе се соочи со Италијанецот Јаник Синер.
Ѓоковиќ по 13-ти пат во кариерата се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Третиот светски рекет ја забележа 25-та победа по ред на Грен слемот во Лондон. Ова им успеа само уште на Бјорн Борг, Пит Сампрас и Роџер Федерер. Ѓоковиќ е шесткратен победник на Вимблдон (2011, 2014, 2015, 2018, 2019, 2021 година).
OhridNews