Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е победник на годинашното издание Австралија опен. Србинот до деветтиот трофеј и трет во низа на Грен слемот во Мелбурн дојде по релативно лесната победа над Данил Медведев претпладнево во финалниот меч кој траеше нешто помалку од два часа.
Во првиот сет Ѓоковиќ на Русинот му препушти 5 гема (7:5), а следните два сета ги доби со по 6:2.
Ѓоковиќ покажа дека и натаму е неприкосновен кога се работи за првиот Грен слем во годината и доминантен во светскиот тенис. Тој ја оправда фаворитската улога. За него ова беше 18-та Грен слем титула. Му остануваат само уште две да се изедначи со рекордерите, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
𝑀𝒶𝒿𝑒𝓈𝓉𝒾𝒸 𝒾𝓃 𝑀𝑒𝓁𝒷𝑜𝓊𝓇𝓃𝑒
The moment @DjokerNole claims his 9th #AusOpen title.#AO2021 pic.twitter.com/2sQVBGF0Wv
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 21, 2021
Од друга страна, четвртиот носител на турнирот, доживеа пораз по серија од 20 победи, воедно го загуби и своето второ финале на Грен слем турнирите.