Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави оти е задоволен од освојувањето на завршниот АТП Мастерс во Торино.

Ѓоковиќ по шести пат во кариерата го освои завршниот турнир, а прв пат од 2015 година.

Многу бев задоволен од начинот како играв од основната линија, особено од форхенд. Сакав да бидам агресивен и тоа ми се исплатеше. Многу сум задоволен од моето издание, изјави Ѓоковиќ по триумфот во финалето над Норвежанецот Каспер Руд (7-5, 6-3).

„Минаа седум години откако го освоив завршниот мастерс, тоа е долго време … Фактот дека чекав седум години ја прави оваа победа уште послатка и поголема“, додаде поранешниот светски рекет број 1.

Ѓоковиќ оваа сезона освои пет трофеи, а годината ја заврши на петто место на АТП листата.

OhridNews