Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи на турнирите во Индијан Велс и во Мајами, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

Ѓоковиќ денеска преку социјалните мрежи објави оти знаел дека нема да може да отпатува во САД, иако по автоматизам беше вклучен во жрепката за Индијан Велс.

Американските здравствени власти потврдија дека правилата нема да се менуваат и затоа нема да можам да играм во САД. Со среќа на оние, кои ќе играат на тие прекрасни турнири, објави Ѓоковиќ.

Услов за влез на странски државјани во САД е доказ за комплетна вакцинација против Ковид-19.

Ѓоковиќ не е вакциниран, а неодамна објави дека е подготвен да ги пропушти сите претстојни турнири доколку вакцинацијата биде услов за негов настап.

OhridNews