Ниовак Ѓоковиќ нема да може да учествува ниту на еден Грен слем турнир доколку не се вакцинира против корона вирусот, па дури и на Ролан Гарос, јавуваат српските медиуми.

Министерката за спорт на Франција Роксана Мрчинеану донела одлука дека вакцината ќе биде задолжителна за сите учесници на Ролан Гарос во интерес на јавното здравје во Франција, пренесува „Блиц“.

Законот за задолжителна вакцинација се однесува на многу општествени активности, вклучитечно и спортски настани, па така Новак Ѓоковиќ не ќе може да учествува на Ролан Гарос доколку не се вакцинира.

OhridNews