Тенискиот турнир „Адриа Куп“ не се прослави, а организираторот Новак Ѓоковиќ се најде на мета од јавноста поради ширење на заразата со вирусот Ковид -19 во „белиот спорт“. Турнирот експрено беше прекинат во Задар и не се доигра според планираниот тек после првиот позитивен случај.
Прв заразен беше бугарскиот тенисер Григор Димитров, потоа позитивни тестови на вирусот имаа Борна Чилиќ и членови од стручниот штаб на Димитров и Ѓоковиќ. Ситуацијата кулминираше денеска, после позитивен тест на Ѓоковиќ и неговата сопруга, Јелена.
Ѓоковиќ со соопштение и се обрати на јавноста дека не сакал да приреди непријатности, туку сакал само да помогни и да внесе самодоверба во луѓето.
Се што направивме во последните месец дена беше со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер, со идеја да им помогнеме на тенисерите во регионот – да им дадеме услови за игра, да остварат приходи и на тој начин да си го олеснат овој тежок период.
Истовремено, сакавме да испратиме порака на солидарност, почитување и фер-плеј. Целта беше да помогнеме на хуманитарните фондации и на оние на кои помошта им е најпотребна и драго ми е што многу луѓе се прикучија на мојата иницијатива.
Организиравме турнир во момент во кој вирусот е ослабнат, верувавме дека имаме услови. За жал, вирусот е се уште присутен и се наоѓаме во нова реалност која мора да ја прифатиме и со која мора да живееме.
Жал ми е за секој кој е заразен. Ги пратам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да расте. Исто така, се надевам дека нема ничија здравствена состојба да стане комплицирана, – се вели во соопштението од Ѓоковиќ.
Дел од тенисерите побараа оставка од Ѓоковиќ кој е претседател на советот на играчи од АТП листата. Тенисерите се разочарани од односот и неодговорноста на Ѓоковиќ и затоа сакаат тој да си поднесе оставка веднаш што се излечи од вирусот Ковид -19.
OhridNews
Новак Ѓоковиќ позитивен на вирусот Ковид -19!