Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во големото финале на грен слем турнирор Австралија Опен. Србинот во полуфиналето со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-2), за неполни два часови го прегази Русинот Аслан Карацев.
Ѓоковиќ во првиот сет клучната разлика ја направи во самиот финишот кога на 4-3 предност освои гем на сервис од противникот. На свој не погреши и поведе со 1-0. Во вториот сет Карацев пружи поголем отпор но расплетот беше идентичен. Ѓоковиќ направи два брејка, наспроти еден на Карацев, што беше доволно за 2-0. Играта на Карацев потполно се распадна во третиот сет. Ѓоковиќ максималн ги искористи сите грешки и со 6-2 го реши во своја корист, за ново финале на турнирот во Мелбурн.
Последна пречка за Ѓоковиќ до нова титула во Австралија ќе биде подобриот од вториот полуфинален дуел во кој ќе сретнат Данил Медведев и Стефанос Циципас.
OhridNews