Најдобрите тенисери според квалитет и ранг Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер се избегнаа во полуфиналето на завршниот турнир во Лондон и нивна потенцијална пресметка е можна во финалето.
Српскиот тенисер со три победи без изгубен сет ја освои првата позиција во својата група, додека Швајцарецот со скор од две победи и еден пораз се искачи на врвот. Федерер пораз претрпе од Кеи Нишикори во првата рунда од групната фаза.
Федерер во првото полуфинале кое ќе се одигра во 15 часот ќе се сретне со Александар Ѕверев, додека Србинот дуелот со Кевин Андерсон ќе го одигра во вечерниот термин 21 часот.
OhridNews