Симпатизерите на „белиот спорт“, задоволно можат да тријат раце затоа што една полуфинална двојка на првиот грен слем турнир во новата сезона, Австрлија Опен ја сочинуваат легендарните тенисери Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.
Српскиот тенисер во четвртфиналето со 3-0 во сетови го „збриша“ Милиш Раониќ. Ѓоковиќ апсолутно доминираше во први два сетови кои ги доби со 6-4 односно 6-3. Во третиот сет, Раониќ пружи отпор и стигна до тај брејк. Но, во него Ѓоковиќ не дозволи замрсување на сметките и со 7-1 го чекираше билетот за полуфинале.
Час претходно, Рожер Федерер со чудесен пресврт го совлада Тенис Сандгрен во пет сетови. Швајцарецот спаси седум меч топки на противникот извлекувајќи се од работ на амбисот за пласман помеѓу четирите најдобри.
Пресметките помеѓу Ѓоковиќ и Федерер се секогаш супер интерсени и неизвесни. Најсвеж пример е финалето на Вимболдон кога после маратонски и атомски тенис победи Ѓоковиќ и ја освои титулата.
OhridNews