Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот протагонист во финалето на годинешното издание на Австралија Опен. Вториот рекет во светскиот поредок во полуфиналниот дуел со 3-0 во сетови го совлада големиот ривал Рожер Федерер.

Во првиот сет од јубилејната 50-та пресметка помеѓу Ѓоковиќ и Федерер се одвиваше вистинска борба. Швајцарецот направи брејк во вториот гем и стигна до водство 2-0, а на свој на погреши за убедлива предност од 3-0. Двајцата тенисери следните четири гемови на свој сервис ги добиваа и резултатот беше 5-2 во корист на Федерер. Ѓоковиќ, прво намали на 5-3, а со освоен гем на противнички сервис дојде до 5-4. Следниот гем повторно му припадна на Ѓоковиќ кој изедначи на 5-5. Во следните два гемови никој не направи предност и првиот сет се решаваше во тај брејк. Србинот, максимално доминираше и со 7-1 брзопотезно го реши во своја корист.

Вториот сет помина изедначено. Федерер и Ѓоковиќ беа непогрешливи на свој сервис. Клучниот чекор кон добивање на вториот сет Ѓоковиќ го направи во десеттиот гем кога направи брејк за 6-4. После вториот изгубен сет, играта на Федерар спласна. Ѓоковиќ, максималноја  искористи инфериорноста на Швајцарецот и со 6-3 го доби третиот сет за убедлива победа.

Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Александар Зверев – Доминик Тим. Ѓоковиќ седум пати во кариерата ја освојувал титулата на Австралија Опен, а вкупно има одиграно осум финалиња.

OhridNews