Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната седма титула на Австралија Опен победувајќи го големиот ривал Рафаел Надал со 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 6-3) во финале а 2 часа и шест минути игра.
Со новиот трофеј вкупно седми на австралискиот грен слем турнир Ѓоковиќ изби сам на вечната листа и на втората позиција ги симна Рожер Федерер и Рој Емерсон.
Надал тотално разочара во епското финале во Мелбурн, а ниту Ѓоковиќ не му дозволи премногу простор за игра. Србинот го диктираше резултатот и темпото и освојуваше гемови на свој и противнички сервис.
Во првиот сет Ѓоковиќ направи брејк уште на стартот во вториот гем и предноста ја одржува до крајот за почетно водство 1-0. Надал во вториот сет му препушти два гемови на свој сервис на Ѓоковиќ и негатива од 2-0 беше неизбежна. Третиот сет, Ѓоковиќ го реши во своја корист со нови два освоени гемови на противнички сервис. Шпанецот ретко кога дозволувал ваква надмоќност против него но Ѓоковиќ покажа дека му лежи теренот во Австралија.
History Maker.
The moment you win your seventh #AusOpen title.@DjokerNole #AusOpenFinal pic.twitter.com/7HC5Gwyfuh
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 27, 2019
Надал до финалето не изгуби ниту еден сет, а во дуелот вреден титула не освои ниту еден. Ѓоковиќ со триумфот ја потврди доминацијата во машкиот тенис.
OhridNews