Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ (Србија), на богатата колекција додаде уште еден трофеј од мастерсот во Синсинати, откако во финалето во 3 сета триумфираше со пресврт над Милош Раонич (Канада) со 2:1.
По трилер драмата во полуфиналето со Баутиста-Агут (2:1), Ѓоковиќ одигра уште еден неизвесен и супер интересен ме;. Раонич беше доминантен во првиот сет кој го доби експресно со 6:1. Ѓоковиќ возврати во вториот со 6:3, и одлично го отвори третиот сет со брејк и водство од 2:0. Ѓоковиќ поведе и со 4:2, но Раонич возврати со два гема за израмнување. Рекетот број 1 веднаш направи нов брејк и беше сигурен на својот сервис за конечен триумф со 6:4 и 35-та мастерс титула во кариерата, 80 вкупно. Со победата во Синсинати Ѓоковиќ стана првиот тенисер во светот кој најмалку по два пати ги освоил мастерс турнирите од АТП серијата.
За Ѓоковиќ нема одмор, бидејќи веќе утре го игра првиот меч на Грен слем турнирот Јуес опен против Дамир Џумхур од БиХ.
OhridNews