Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во фазата по групи го заврши настапот на завршниот Мастерс турнир во Лондон. Ѓоковиќ изгуби од Рожер Федерер во два сетови и Швајцарецот го фати последниот воз за пласман во полуфиналето. Од истата група покрај Федерер пласман понатаму обезбеди Доминик Тим.
- Не направив ништо на теренот како што треба. Федерер беше подобар во сите сегменти и заслужено победи. Фантастично сервираше, добро се движеше и имаше одличен ритам. На другата страна, јас играв премногу неутрално без преземен ризик. Неможев да му го прочитам сервисот кој ми правеше големи проблеми. Мечот важен беше како и секогаш кога ќе се сретнам со Федерер и Надал било каде во светот. Многу возбудувуања, стадионот полн а атмосфера многу добра. – изјави Ѓоковиќ.
Тој пропушти шанса во Лондон да го врати првото место на АТП листата кое неодамна му припадна на Рафа Надал.
OhridNews