Белгијците не го прифаќаат така лесно наследството судејќи според податоците од минатата година, кога 7914 наследници одбиле да го примат имотот на кој според законот имаат право. Во просек секоја година околу 115 жители на оваа европска држава наследуваат некаква оставина.

 

Како што јавуваат медиумите, во 2013 година седум проценти од вкупно повеќе од 118 илјади наследници одбиле да го примат наследството. Најчеста причина поради која наследниците не ја прифаќаат оставината се големите долгови кои зад себе ги оставиле покојниците, а според законот, наследникот на себе ги прима и долговите на претходниот сопственик.