Охрид деновиве личи на вистинска разгледница. Според слободни проценки за Велигденските празници на ривиерата престојуваат околу 8.000 гости. Најголемиот дел од нив се домашни туристи, а од странските најбројни се гостите од Србија, Бугарија и Албанија.  Поатрактивните хотелските капацитети се исполнети речиси 100%, што е добра најава за престојната туристичка сезона. Променливото време не им пречеше на посетителите кои престојот во Охрид го искористија за прошетка по стариот дел на градот каде ги разгледуваа културно историските знаменитости.


Туристите го разгледуваа културното наследство на Охрид

ohridnews
Фото: Васко Бујароски