На бадниковата поворка што по традиција ќе се одржи на Бадник,  6 јануари, ден пред големиот христијански празник Божиќ, оваа година во Охрид ќе учествуваат околу 800 дечиња од Охрид. Со ѕвезди во рацете тие ќе ја пеат возобновената христијанска песна ,,Вечниот Бог”.

Поворката тргнува утрото во 10:30 ч. од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија.

Во 12.00 ч. на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај бадниковата пештера коледарчињата ќе ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков, заедно со советниците од Советот на Општина Охрид и директорите на охридските јавни претпријатија кои ќе ги даруваат со пригодни подароци.

Предводници на поворката ќе бидат пејачот Ѓоко Танески и виолинистката Сања Здјелер.

OhridNews