Околу 66.000 фирми до крајниот рок 15 февруари поднеле извештај за приходите што ги исплатиле на физичките лица во 2010  година.

Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека конечната бројка на компании кои поднеле извештај ќе се знае в понеделник.
Крајниот рок за фирмите да поднесат извештај беше 15 февруари, веќе започна и пријавувањето на сите приходи кои граѓаните ги оствариле, во земјата и во странство, во текот на изминатата 2010 година, а крајниот рок е 15 март.

OhridNews
извор: Makfaks